Ракометнит клуб Алкалоид го промовираше најновото име на крилната позиција, тоа е Улфар Пал Монси Тордарсон од Исланд, кој во Македонија ќе ја има првата интернационална станица.
Исланѓанецот кој има 25 години во тимот доаѓа од екипата на Валур, со која минатата сезона беше меѓу најдобрите стрелци во Европската лига на ЕХФ. Претходно во кариерата Тодарсон настапуваше за Афтурелдинг и Стјарнан од Исланд.
Во меѓувреме „фармацевтите“ се збогува со тројца ракометари од ланската сезона кои играа важен дел во ростерот кој го освои трофејот во Европскиот Куп на ЕХФ.
Членови на Алкалоид повеќе не се Французинот Арно Бинго, Михајло Младеновиќ и Костадин Петров. Првите двајца заминуваат од Автокоманда, додека третиот добива прекоманда. Петров во иднина ќе биде дел од Мулти Есенс, каде ќе тренира и ќе работи со тимот додека се рехабилитира од повреда. На него се смета во Алкалоид и во иднина, кога ќе заздрави.