EPA/GEORGI LICOVSKI

Шпанскиот тренер Валеро Ривера повторно ја презеде катарската ракометна репрезентација, наследувајќи го црногорскиот тренер Веселин Вујовиќ, на кого му истече договорот.

Валеро е еден од најистакнатите тренери со меѓународни успеси, а неговото водење на Катар имаше клучна улога за подемот на репрезентацијата до редовите на светската елита. Тој ја презеде селекцијата во 2014 година и ја одведе до првата азиска титула, по што следеа уште пет последователни титули. Негово најголемо достигнување беше водењето на Катар до сребрениот медал на Светското првенство во Доха 2015.

Валеро поднесе оставка во август 2024 година, а тогаш кормилото го презеде Вујовиќ со краткотраен договор.

 

ИЗДВОЕНИ