Ристески: „Училишната кошница“ им заштеди 3.000 денари на семејствата со ученици

11

Според првичните информации, едно семејство во просек заштедило до 3.000 денари од акцијата „Училишна кошничка“, која траеше до 15 септември, изјави заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, во Делчево, каде што на средба со претставниците со бизнис-секторот ја следеше реализацијата на активните мерки за вработување и економски развој за тековната година.

– Во текот на реализацијата на оваа акција беа спроведени околу 400 вонредни инспекциски надзори. Беа утврдени мали пропусти, кои веднаш беа коригирани на местата каде што се продаваше училиштен материјал – рече Ристески.

Тој рече дека интересот за мерките за вработување е голем, бидејќи е зголемен оперативниот обем за 7,5 милиони евра, односно достигнува околу 40 милиони евра. Средствата, како што нагласи, се наменети не само за бизнис-секторот туку и за невработените лица што сакаат да започнат сопствен бизнис или да се вработат во реалниот сектор, особено во малите и во средните претпријатија.

– Овие мерки нема да останат во постојната форма, туку ќе ги унапредуваме со цел Оперативниот план да биде уште поактивен, насочен кон развој на стопанството и намалување на невработеноста. На крајот од годината ќе направиме анализа за да видиме кои мерки ќе продолжат и ќе бидат уште поблиски до потребите на бизнис-секторот – рече Ристески.

 

ИЗДВОЕНИ