Ристески: Пазарниот инспекторат редовно прави анализа на цените

16

Пазарниот инспекторат редовно прави анализа на цените, поврзани со основната егзистенција на една просечна македонска фамилија. Мислам дека цените се веќе стабилизирани и имаат мал пад надолу. Ако видиме дека има непазарно однесување од страна на одредени трговци, производители или дистрибутери, Владата ќе биде спремна со мерки што ќе значат и некое ограничување на цени, изјави заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

– Ние преку Економско социјалниот совет имаме поднесено просечна потрошувачка кошничка, изработена од релевантни податоци од Заводот за статистика и релевантни институции, вклучувајќи го и Министерството за економија и пазарна инспекција. Така што очекуваме и од синдикатите да имаме повратен одговор. И доколку е во ред, во наредниот период да биде изгласана просечната потрошувачка кошничка, рече Ристески, прашан за коментар, откако ССМ излезе со потрошувачка кошничка за месец август.

Тој нагласи дека се подобрува економската ситуација.

ИЗДВОЕНИ