Ристески: Државата е партнер на компаниите и го поттикнува нивниот раст и развој

10

Индустријата и производството се столбови на домашната економија и овој настан е одлична можност да размениме искуства, да ги презентираме успесите и развојот во компаниите, како и правецот во кои се движи развојот на стопанството, истакна Марјан Ристески заменик-министер за економија и труд, на конференцијата „Manufacturing 2025 – Од Преместување на Производство до Локално Напредно Производство“.

Конференцијата е во организација на Македонското здружение на металната и електроиндустрија – MAMEI и се организира во рамки на Меѓународниот саем за енергетика и технологија – „ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2025“.

– Владата и Министерството за економија и труд се активен партнер на компаниите и преку бројни мерки го поттикнуваме нивниот економски раст и развој. Главни извори за финансиска поддршка на компаниите се обезбедените кредитни линии од унгарскиот кредит, предвидените средства од програмите на Министерството, како и финансиските средства кои им се достапни на компаниите согласно со Законот за финансиска поддршка на инвестициите, истакна  Ристески.

 

ИЗДВОЕНИ