четврток, јануари 29, 2026
Дома МАГАЗИН Ристе Ристески, македонски победник во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, си пресади коса...

Ристе Ристески, македонски победник во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, си пресади коса во Турција

60

Атрактивниот охридски поп-пејач, Ристе Ристески, кој публиката го памети како победник во балканското шоу „Ѕвездите на Гранд“, пред некое време престојуваше во Турција поради пресадување на косата. Тој проблем одамна го мачеше, па сакаше тоа да го реши на најдобар можен начин, на некоја врвна турска клиника која најпрофесионално го работи тоа. Речено, сторено.

Самиот процес на пресадување на косата е безболен, а кај нашиот пејач резултатите се повеќе од одлични. Многумина не можат да го препознаат кога ќе го сретнат на улица, доколку го видат на концерт или на лето, додека го вози неговиот омилен глисер низ сините води на Охридското Езеро.Така, тешко препознатлив беше и на неодамнешниот настап на концертот на популарниот хрватски пејач, Тони Цетински, во Белград. Ристе кај Цетински (со новата коса) дојде како ексклузивен гостин. Впрочем, познато е дека Тони многу сака да соработува со македонски пејачи. Сите уште добро го памтиме оној славен дует на Тони со Тоше Проески, кога го испеаја незаборавниот хит „Лагала нас мала“. Како што дознаваме, во подготовки е и дует на Тони со Ристе, со некоја добра заедничка песна.

Во меѓувреме и Тони, гледајќи го среќниот Ристе, покажа интерес за пресадување на косата. Па, ништо чудно и Цетински наскоро да го видиме во некое ново (по)атрактивно издание. Кој чека, тој ќе дочека. Дали Цетински навистина се стави на листата на чекање за нова коса?  (Д. М.) фото: ФБ-архива

 

ИЗДВОЕНИ