Рим ќе го наплатува пристапот до една од најпознатите фонтани во древниот град

63

Додека паричките кои посетителите ги фрлаат во фонтата и понатаму се донираат во хуманитарни цели, приходот од влезниците ќе оди директно во градската управа, со цел да се финансира одржувањето на локалитетот и да се подобри управувањето на бројот на посетители. Според проценките на градот, само од Фонтата ди Треви годишно би можела да собере околу 6,5 милиони евра.

Градоначалникот на Рим Роберто Гвалтиери изјави дека износоот од две евра не е голем, но дека ќе придонесе за хаотичните туристички токови. Тој додаде дека оваа мерка е дел од новиот тарифен систем за одредени музеи и споменици во италијанската престолнина.

Според новиот систем, одредени локалитети кои моментално наплатуваат влез ќе бидат бесплатни за жителите на Рим, меѓу кои е и Светата зона Ларго Аргентина. Истовремено, туристите и другите посетители кои не се резиденти ќе мораат да плаќаат влез за Фонтаната ди Тртеви и за уште пет знаменитости, вклучувајќи го и Наполеоновиот музеј.

Од плаќањето на таксата ќе бидат иземени децата помлади од пет години, како и лицата со инвалидитет и нивните придружници. Туристите и понатаму ќе можат бесплатно да ја видат фонтаната од поголема раздалеченост.

Фонтаната ди Треви, која во 18 век ја проектирал италијанскиот архитект Никола Треви, во моментот привлекува во просек околу 30.000 туристи дневно. По работата на обновата минатата година, градските власти воведоа систем на редови за да се спречи создавање на големи гужви, а истовремениот пристап до локалитетот е ограничен на 400 луѓе.

 

ИЗДВОЕНИ