Сцената на Македонската опера и балет утре (10 октомври), повторно ќе оживее со моќната музика на Џузепе Верди.

Под диригентската палка на Џанлука Мартиненги (Италија) и во режија на Пјер Франческо Маестрини (Италија), „Риголето“ ветува спектакуларна вечер исполнета со драма, страст и уметничка совршеност.

На сцената ќе блеснат Леон Ким (Јужна Кореја) како Риголето, Биљана Јосифов како Џилда и Чуан Ванг (Кина) како Војводата од Мантова.

Величествениот оркестар и хорот на МОБ во комбинација со маестралната режија ќе создадат вечер за паметење.

ИЗДВОЕНИ