Ракометната федерација на Македонија ги одбра најдобрите за претходната сезона. Со свечена гала вечер беше одбележано враќањето на манифестацијата „Ракометар на годината“.

Настанот во Скопје започна со минута молк поради смртта на Илија Темелковски кој почина неодамна, како и Александар Јовиќ кој почина во јануари. Темелковси беше и постхумно одликуван со награда за посебен придонес кон ракометот.

Наградите за најдобар ракометар и ракометарка ги добија играчи од шампионските екипи. Признанија добија Филип Кузмановски од Еурофарм Пелистер и Катерина Дамјаноска од Ѓорче Петров. Се бираше и најдобар играч од страна на публиката, а тие признанија им припаднаа на Никола Митревски и Теодора Гулицоска.

Доделените признанија на најдобрите: Најдобар ракометар и ракометарка: Филип Кузмановски и Катерина Дамјаноска, Најдобар тренер во машка и женска конкуренција: Кирил Лазаров и Симе Симовски, Најдобар млад ракометар и ракометарка: Димитар Узунчев и Марија Јанкуловска, Најдобри странци: Дмитро Хориха и Ана Вранчиќ, Најдобри стрелци: Давид Димевски и Марија Анчева, Најдобар ракометар и ракометарка (социјални мрежи): Никола Митревски и Теодора Гулицоска, Најдобри судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов

 

ИЗДВОЕНИ