Резултат против Белгија нема ништо да значи ако не го победиме Казахстан

45

Точно дека станува збор за неатрактивен противник и аутсајдер на хартија, но фудбалската репрезентација на Македонија денеска (16:00 ч.) го игра еден од најважните натпревари кога е во прашање квалификацискиот циклус за пласман на СП 2026.

Охрабрени од освоениот бод во дуелот против најголемиот фаворт за првата позиција во групата „Ј“, селекцијата на Белгија, избраниците на Благоја Милевски немаат друга опција освен да слават на гостувањето во Казахстан.

„Црвено-жолтите“ после три одиграни натпревари имаат освенио шет бода, додека Казахстан има одиграно два натпревара и освои три бода.

Со победа на незгодното гостување, Македонија сериозно ќе ги зголеми шансите за освојување на втората позиција која гарантира пласман во баражот за настап на СП 2026 кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

-Македонија покажа дека има квалитет да се носи со најдобрите репрезентации. Со поддршката од публиката успеавме да освоиме бод против првиот фаворит во нашата група. Сепак, овој резултат, против Белгија, нема ништо да значи ако не го победиме Казахстан в понеделник. Затоа мора да ги заборавиме претходните две кола и да се фокусираме на нашиот следен ривал. Ако играме вака, тимски и пожртвувано, ќе ја оствариме целта, изјави селекторот на нашиот национален тим, Благоја Милевски.

Поради жолти картони, на клупата на нашата репрезентација нема да биде селекторот кој веќе потврди дека во составот ќе ги нема Бојан Димоски и Исник Алими за вториот меч од овој јунски циклус во групата „Ј“ за пласман на СП 2026.

Во поредокот во Ј-групата од квалификациите за СП 2026, лидер е Велс со 7 бода (3 натпревари), Македонија има 5 (3), Казахстан собра 3 (2), Белгија 1 (1), Лихтештајн нема освоен бод (3).

 

ИЗДВОЕНИ