Режисерот Вим Вендерс ќе претседава со жирито на Берлинале 2026

22
Фото:википедија

Режисерот Вим Вендерс ќе биде претседател на жирито на Берлинале во 2026 година.

Вендерс е една од водечките фигури на меѓународното кино и го збогатува светот на филмот шест децении, објави фестивалот. Берлинале се одржува од 12 до 22 февруари.

Уметникот беше воодушевен што му беше понудена можноста да го предводи жирито во неговиот роден град, пренесува dpa.

„Тоа ќе биде сосема нов начин на гледање филмови на „Берлинале“ – конечно ќе можам да ги гледам сите филмови во конкуренција и детално да разговарам за секој од нив со група интелигентни љубители на филмот. Може ли да биде подобро од тоа?“, рече Вим Вендерс.

Осумдесетгодишникот се смета за еден од најважните претставници на Новиот германски филм, движење кое се појави во поранешна Западна Германија во 1960-тите и траеше до почетокот на 1980-тите.

Тој е познат по култни филмови како што се „Небото над Берлин“  и „Париз- Тексас“, како и понеодамнешните  „Пина“ и „Совршени денови“.

Вендерс ја освои „Златната почесна мечка“ на Берлинале во 2015 година. Тој ја освои „Сребрената мечка“ во 1987 година за филмот „Небо над Берлин“.

Сега тој самиот ќе одлучи кој ќе ги добие наградите.

Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 21 февруари 2026 година.

ИЗДВОЕНИ