„Резасади“ – комунална градина во Железара

35

Меѓу станбените блокови карактеристични за населбата Железара, Здружението за креативна одржливост „Комбо“, заедно со Јупор хаус, почна со правење комунална градина, наречена „Резасади“.

Се работи за градина, простор од каде што секој ќе може да земе растение или цвет и да понесе делче зеленило дома.

– Собравме земја и гранки, направивме саксии од стаклени и од пластични шишиња, а потоа садевме растенија во нив. Покрај убавата дружба, ја препознавме и потребата од негување на зелените навики со цел да го подобриме нашиот однос кон животната средина – соопштија организаторите.

 

ИЗДВОЕНИ