Во шпанскиот фудбал се подготвува револуција, откако челниците на лигата решија да ја копираат кошарката од следната сезона. Барем така тврдат локалните медиуми, наведувајќи дека ќе се воведе опција за барање „челинџ“, нешто како во кошарката, а тренерите ќе имаат можност двапати да го користат за време на натпреварот и да побараат видеопреглед.
Сè уште не е познато за што точно ќе се користи ова, бидејќи веќе постои ВАР-проверка и судиите во ВАР-собата го следат сето ова.
Повеќе информации за оваа тема треба да бидат достапни наскоро, доколку има таква промена во системот. Сепак, прашањето е како сето ова би влијаело на времетраењето на натпреварите и дали би го забавиле темпото на натпреварите.