Револуција во лекувањето на ХИВ: САД одобрија лек кој покажа речиси целосна заштита од инфекција

96

Американската администрација за храна и лекови (FDA) одобри давање на лекот за ХИВ ленакапавир двапати годишно во форма на инекција, објавија денес американските медиуми.

Лекот, наречен Језтуго, од „Гилеад Сајансис“, беше одобрен вчера врз основа на податоци од клинички испитувања кои покажаа дека 99,9 проценти од тестираните кои го примиле останале негативни на вирусот ХИВ, објави „Си-Би-Ес њуз“.

Извршниот директор на компанијата, Даниел О’Деј, ја нарече одлуката „пресвртница во децениската борба против ХИВ“, додавајќи дека лекот ќе помогне во сузбивањето на вирусот на ниво невидено досега.

ИЗДВОЕНИ