Познатата шминкерка на холивудските ѕвезди, Кејти Дено, откри трик како вашите усни да изгледаат пополни без употреба на филери.
Како што старееме, нашите тела произведуваат помалку колаген и еластин – протеини кои се клучни за цврстината, еластичноста и младешкиот изглед на кожата. Губењето на овие важни елементи, во комбинација со лошата циркулација и надворешните фактори како УВ зраците, директно влијае на изгледот на нашите усни. Тие стануваат посуви, побледи и помалку забележливи.
Иако не можеме да го спречиме стареењето, постојат начини да се намали ефектот од губење на полноста и да се направат усните да изгледаат пополни, понегувани и попривлечни без потреба од козметички процедури.
Трик за пополни усни
Една жена која знае како да ја истакне својата природна убавина е шминкерката Кејти Дено. Таа сподели видео на својот Инстаграм профил на кое покажува како ги одржува усните пополни, без филери или инјекции.
Најважно е хидратацијата
Кејти користи серум за усни во нежна розова нијанса, кој не само што ја храни кожата на усните, туку им дава и лесен тон и здрав, сјаен изглед. Овој производ ги остава усните сочни и визуелно го зголемува нивниот волумен. Хидратацијата во овој чекор има улога на негување на усните и нивна подготовка за понатамошни чекори на шминкање.
Моливче за усни
После тоа, таа користи моливче за усни за да го истакне купидоновиот лак, препознатливиот дел од горната усна кој често ја губи јасната дефиниција со возраста. Со внимателно исцртување на контурите во нијанса што е можно поблиску до природната боја на усните, таа го нагласува нивниот облик и ја враќа нивната визуелна полнота. Клучот е линиите да бидат меки, да го следат природниот облик на усните и да не изгледаат вештачки, туку малку да го прошират нивниот волумен. На овој начин, и горните и долните усни добиваат хармоничен, природен и свеж изглед.
Шминкерката нагласи дека усните се природно асиметрични и дека нежното нивно корегирање со молив е еден од наједноставните и најефикасните начини за постигнување на похармоничен и рамномерен изглед.
Сјај за крај
За оние кои сакаат ефектот на пополни усни да биде уште поизразен, се препорачуваат и производи познати како lip plumpers, т.е. сјајови збогатени со состојки како што се чили пиперка или екстракт од нане, кои привремено ја стимулираат микроциркулацијата и предизвикуваат мало чувство на пецкање. Со додавање на хијалуронска киселина, овие производи не само што визуелно го зголемуваат волуменот на усните, туку и интензивно ги хидрираат и омекнуваат.
Сето ова оди заедно со поширока препорака за нега на зрела кожа. Особено е важно да се користат хидратантни подлоги, лесни коректори, кремасти руменила и суптилни бронзери кои го враќаат природниот сјај на кожата без да ја оптоваруваат.
View this post on Instagram