Република Српска избира замена за Додик

0
EPA/SERGEI ILNITSKY

Граѓаните на Република Српска денес ќе го изберат наследник на Милорад Додик, кој беше отстранет од функцијата од страна на судот по сериозна политичка криза. Повеќето избирачки места се отворија на време, наведуваат локалните медиуми.

Изборите беа распишани откако Милорад Додик го загуби мандатот врз основа на конечната пресуда на Судот на БиХ со која беше осуден на една година затвор за непочитување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница.

Гласачите ќе можат да гласаат за еден од шесте кандидати до 19 часот, но се верува дека главната трка ќе се води помеѓу актуелниот министер во владата на РС, Синиша Каран, кој е избор на Додик и беше номиниран во име на владејачката Алијанса на независни социјалдемократи (СНСД), и Бранко Блануша, професор на Факултетот за електротехника во Бања Лука, чија кандидатура ја поднесе Српската демократска партија (СДС).

Според податоците од Централната изборна комисија на БиХ, во Република Српска се формирани 2.211 избирачки места, а според претседателот на Централната изборна комисија, Јован Калаба, повеќето избирачки места се отвориле на време.

„Имаме мали проблеми со електричната енергија во некои помали градови, но тоа ќе биде решено“, рече Калаба, пренесува Klix.ba.

ИЗДВОЕНИ