Фармацевтската компанија „Реплек“вчера го отвори својот нов производствен капацитет вреден над два милиони евра. Станува збор за високо технолошко и квалитетно решение кое овозможува висока продуктивност – од таблетка до финална транспортна кутија. Според генералниот директор на „Реплек“, Душан Пецовски, новата линија ќе го зголеми производството на компанијата за 25 проценти и нејзино прилагодување на пазарите. 

„Реплек“е присутен во 25 држави, а плановите се до 2030 година таа бројка да се зголеми на 40 и како што најави Пецовски, до крајот на годината инвестициите ќе достигнат до рекордни 10 милини евра. Тој рече дека се задоволни од институциите во поддршката за пласирање на производите на компанијата на странските пазари. Премиерот Христијан Мицкоски, нагласи дека силата на една држава не се мери само по нејзиниот буџет, туку и по храброста на нејзините луѓе да вложат, да создадат и да веруваат дома и додаде дека оваа инвестиција има особена тежина, затоа што е домашна

Во годината кога фармацевтската компанија „Реплек“ одбележува 80-годишен јубилеј, денеска го отвори својот нов производствен капацитет вреден над два милиони евра. Станува збор за високо технолошко и квалитетно решение кое овозможува висока продуктивност – од таблетка до финална транспортна кутија. Според генералниот директор на „Реплек“, Душан Пецовски, новата линија ќе го зголеми производството на компанијата за 25 проценти и нејзино прилагодување на пазарите.

Лани „Реплек“ инвестирал рекордни 6,3 милиони евра во дигитализација автоматизација, модернизација, вклучително модерно ИРП (интегрално системско решение) од САП во нови производни капацитети, во развој на нови производи и нови линии. Пецовски вели дека ова се прави за да се зголеми продуктивноста и ефикасноста во работењето.

– Во сите 80 години од нашето постоење „Реплек“ во континуитет успевал да се редефинира да се репозиционира и да се реоткрие, во нашето ДНК е да ги следиме и прифатиме светските трендови – истакна Пецовски.

„Реплек“е присутен во 25 држави, а плановите се до 2030 година таа бројка да се зголеми на 40 и како што најави Пецовски, до крајот на годината инвестициите ќе достигнат до рекордни 10 милини евра. Тој рече дека се задоволни од институциите во поддршката за пласирање на производите на компанијата на странските пазари.

Премиерот Христијан Мицкоски, нагласи дека силата на една држава не се мери само по нејзиниот буџет, туку и по храброста на нејзините луѓе да вложат, да создадат и да веруваат дома и додаде дека оваа инвестиција има особена тежина, затоа што е домашна.

– Станува збор за македонски капитал, за македонска компанија, за вложување во иднината на македонската индустрија. Во време кога често се зборува само за странски инвестиции, денеска овде покажуваме дека и домашните претприемачи, визионери и стопанственици, се моторот на развојот. Токму затоа, Владата што ја предводам, останува цврсто посветена на поддршката на домашните компании. Не само како економски субјекти, туку како двигатели на нашата иднина – додаде Мицкоски и истакна дека Владата ќе продолжи со создавање на поволна деловна клима, намалување на бирократските бариери, поддршка за развој, за иновации, за извоз, за зголемување на додадената вредност.

– Ние веруваме дека силна економија се гради не само со странски капитал, туку и со грижа за својот – за секој што решил да остане, да вложи, да создаде тука, во Македонија. „Реплек“ е пример за тоа, пример што инспирира и мотивира – рече Мицксоки.

Премиерот посочи и дека во изминатата година државата бележи пораст на индустриското производство, нови инвестиции, стабилни јавни финансии и конкретни проекти што го менуваат животот на граѓаните, а компании како „Реплек“ се нејзината сила.

Фото: Петр Стојановски

ИЗДВОЕНИ