понеделник, февруари 2, 2026
Дома СКОПСКА Реновирани тоалетите во градинката „Калинка“

Реновирани тоалетите во градинката „Калинка“

15

Објектот „Калинка“ во Стар Аеродром, во рамките на детската градинка „Срничка“, доби целосно реновирани тоалети – и за дечињата и за вработените.

Од Општина Аеродром информираат дека тоалетите се целосно адаптирани на возраста на најмалите, со цел, како што велат да им овозможат поголема удобност, безбедност и хигиена.

Дополнително, уредена е и нова просторија за престој на дечињата, опремена со дидактички материјали за различни возрасти.

 

ИЗДВОЕНИ