НЛБ Банка официјално ја отвори реновираната експозитура на плоштадот Маршал Тито во Куманово, потврдувајќи ја уште еднаш посветеноста кон унапредување на својата деловна мрежа за подобрено клиентско искуство. Куманово доби репрезентативен и функционален банкарски објект, кој овозможува високо ниво на услуга и целосна поддршка за граѓаните и бизнисите во регионот.
Во присуство на клиенти и партнери, свеченото отворање го означи високото раководство на Банката, Хедвика Усеник – претседател на Надзорниот одбор и Тони Стојановски – претседател на Управниот одбор, кои во оваa прилика ја истакнаа важноста од континуирана модернизација и инвестирање во квалитетни услуги и простор за клиентите.
Реновираната експозитура на НЛБ, Куманово 1, се простира на површина од над 170м2. Истата е опремена со модерен ентериер, најсовремени технолошки решенија и професионален тим подготвен да одговори на потребите на клиентите од сите сегменти – физички лица, мали бизниси и корпоративни клиенти. Просторот е современ, пријатен и функционален со цел клиентите да можат брзо, безбедно и удобно да ги завршат своите банкарски потреби.
Во објектот, покрај делот за прием на клиенти за советување и трансакциско работење, сместена е и 24/7 часовна АТМ зона која овозможува поголема достапност на услугите за исплата и уплата на готовина.
Модернизацијата и дигитализација на експозитурите е дел од пошироката стратегија на НЛБ Групацијата 2025 – 2030 година за трансформација на продажната мрежа на Банката. Новиот деловен модел ја преобликува улогата на експозитурите – од локации за основни банкарски трансакции во современи продажни центри фокусирани на севкупна поддршка и градење долгорочни односи со клиентите.
Експозитурата во Куманово го задржува досегашното работно време и истата ќе работи од 08:00 до 16:00 часот, од понеделник до петок.