„Рено“ ќе произведува дронови во Украина

48
EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Францускиот производител на автомобили „Рено“ ќе биде присутен во Украина за да произведува беспилотни летала и за украинската и за француската армија, објави во неделата француското радио Франс инфо.

Францускиот министер за одбрана Себастиен Лекурни во петокот објави „партнерство во кое голема француска автомобилска компанија ќе ги здружи силите со француските одбранбени мали и средни претпријатија за да ги опреми производните линии во Украина за производство на дронови“.

Според радиото Франс инфо, кое не соопшти детали за своите извори, производните линии ќе бидат лоцирани „неколку десетици или стотици километри од фронтот“.

Тие беспилотни летала, чиј модел не беше наведен, првенствено ќе ѝ служат на украинската војска, „но ние ќе ги споделиме и со француските сили за да обезбедиме континуирана тактичка и оперативна обука што ја одразува реалноста“ на конфликтот во Украина, рече Лекорни.

ИЗДВОЕНИ