Македонската олимпијка Милијана Рељиќ освои бронзен медал на таеквондо натпреварот Фуџурија Г-2 опен во Обединетите Арапски Емирати. Поради добрата ранг-позиција, Мила не се натпреваруваше во првото коло и ја чекаше подобрата противничка меѓу Кумари Аканша од Индија и Ју Јеук Чан од Хонг Конг. Во второто коло, Мила ја победи Ју Јеук Чан со 2:0 во рунди, а потоа, во борбата за бронзениот медал, славеше над Нада Лаарај од Мароко, исто така, со 2:0 во рунди.

  • Со оваа победа, Мила ја докажа светската и олимписката класа дека може да победи која било противничка на планетава. Во полуфиналето се сретна со Иранката Косар Асасех, но по само 10 секунди борба, повторно истегна мускул и поради повредата мораше да ја предаде борбата. Како и да е, ова се нови високи 7.20 поени за олимписката и светската ранг-листа. Мила фуриозно ја почнува оваа сезона со бронзен медал на еден од најсилните турнири во Азија – истакна нејзиниот тренер, Александар Ефтимов.

ИЗДВОЕНИ