Фото: Carinska uprava Hrvatska

Царинските службеници, во соработка со полицијата на граничниот премин Карасовиќи, спречија обид за шверц на огромна сума пари.

При контрола на излез од Хрватска, биле пронајдени 702.435 евра скриени во патнички автомобил на албански државјанин, што претставува една од најголемите заплени на готовина на хрватските граници, објави царината.

До заплената дошло при зголемени мерки за надзор спроведени од страна на службеници на Службата за борба против шверц и Мобилната единица Дубровник, заедно со членови на Управата на полицијата Дубровник-Неретва.

Возачот, албански државјанин, беше запрен при напуштање на земјата, а готовината е оркриена при деталниот преглед на возилото.

Утврдено е дека албанскиот државјанин не ја исполнил законската обврска за пријавување готовина кај Царинската управа или Граничната полиција, ниту писмено ниту електронски. Наместо тоа, готовината била скриена во возилото.

Целата пронајдена сума била конфискувана, а осомничениот возач бил уапсен под сомнение за сторено кривично дело и предаден на надзорникот за притвор.

ИЗДВОЕНИ