РЕКОРДНА СУМА: Златен часовник пронајден на „Титаник“ продаден за 2 милиони евра

21

Златен џебен часовник пронајден кај постар пар кој починал при потонувањето на Титаник е продаден за рекордни 2,03 милиони евра во аукциската куќа „Хенри Олдриџ и син“ во Девизес, Вилтшир.

Аукционерите велат дека тоа е највисоката цена платена досега за едно парче од „Титаник“. Претходниот рекорд беше поставен минатата година кога друг златен џебен часовник – подарок за капетанот на бродот кој спасил повеќе од 700 патници – беше продаден за 1,78 милиони евра.

18-каратниот златен часовник на кој е гравирано името Жил Јургенсен бил во сопственост на патникот од прва класа Исидор Штраус, кој се удавил кога бродот потонал во април 1912 година, заедно со 1.500 други патници.

Исидор и неговата сопруга Ида беа прикажани во блокбастерот „Титаник“ на Џејмс Камерон од 1997 година како пар кој се прегрнува и тонат со „Титаник“. Часовникот беше пронајден на остатоците од Штраус заедно со други лични предмети и беше вратен на неговото семејство. Исидор го добил како подарок за својот 43-ти роденден во 1888 година – истата година кога станал партнер во престижната њујоршка продавница „Мејсис“.

Во ноќта на катастрофата со Титаник, еден богат пар се упатил кон палубата на „Титаник“. Кога на Исидор Штраус му било понудено место во чамец за спасување поради неговата напредна возраст, тој одбил, велејќи дека нема да се качи додека не се качат и други мажи. Неговата сопруга Ида одбила да го остави својот сопруг на бродот, па му се придружила, а последен пат биле видени живи кога, соочени со својата судбина, седеле еден до друг на лежалките на бродот.

Списокот на патници на „Титаник“ бил купен за 118.600 евра, а златен медал доделен на екипажот на „РМС Карпатија“ од страна на преживеаните бил продаден за 98.000 евра. Вкупната аукција на сувенири од „Титаник“ во саботата достигнала 3,42 милиони евра.

ИЗДВОЕНИ