
Шпанскиот гигант Реал (М) сака да постави нов клупски рекорд и тоа со понудата која ќе биде испратена за стандардниот првотимец во дресот на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, Родри. Како што информираат медиумите кои важат за блиски до „кралскиот клуб“, клупскиот претседател, Флорентино Перез, е подготвен да одвои околу 130 мил. евра за обештетувањето на искусниот играч за врска.











