Завршена е реконструкцијата на ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков“ – општина Кавадарци, кој располага со вкупна површина и зелен простор од 4.519,22 квадратни метри, информираа од Кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
– Општина Кавадарци, заедно со тимот од ученичкиот дом, успешно го заврши целиот процес на реконструкција и модернизација на ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков“ кој опфаќаше комплетно реновирање на собите, тоалетите, ходници и влезни парти. Опфатен е надворешен дел, мензата, два магацина, ходници, простории за рекреација, библиотека и занимални на втор кат, тоалети, ставена е целосно нова електрика и направена е целосна реконструкција на кујната. Вкупниот капацитет за сместување на ученици е 100 легла и најчесто тоа се ученици од Берово, Пехчево, Гевгелија, Дојран, Богданци. Со оваа реконструкција, општината има вложено околу 10.000.000 денари – соопштија од Кабинетот на Јанчев.












