Реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Божидар Рајковиќ“

46

Во тек е целосна реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Божидар Рајковиќ“ во Горно Лисиче, со што, конечно, ќе се реши повеќедеценискиот проблем со водоснабдувањето на околу 300 домаќинства.

Од Општина Аеродром информираат дека реконструкцијата опфаќа замена на старите и дотраени со нови цевки Ф110, во должина од 1.000 метри, како и дополнителни приклучоци на мрежата.

– Старата водоводна мрежа со години предизвикуваше загуби на притисокот или прекини во водоснабдувањето, поради што дел од потрошувачите, во одредени периоди од денот, често остануваа без вода, особено во летниот период. Токму со замената на цевките, жителите на овој дел од Горно Лисиче, конечно, ќе имаат непречен пристап до вода – објаснуваат од локалната самоуправа.

Станува збор за капитален проект во вредност од над 12 милиони денари, со поддршка од Владата.

 

 

ИЗДВОЕНИ