петок, февруари 27, 2026
Дома СКОПСКА Реконструкција на улици и нови паркинг-места                                      

Реконструкција на улици и нови паркинг-места                                      

25

Почнаа градежните активности на улицата „2“ во населеното место Расадник, кое се наоѓа на територијата на Општина Бутел. Оваа улица е во должина од 250 метри и со површина од  1.000 квадратни метри. Со нејзината реконструкција, ќе се обезбедат и нови паркинг-места.

– Наскоро ќе се реконструираат и улиците „Ангел Мојсковски“, „Александар Грличков“ и „Љубинка Басотова“. Претходно ја реконструиравме главната улица во ова населено место – улицата „21“ – информираше градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

 

ИЗДВОЕНИ