Реконструкција на улицата „Борко Кралевски“ во Радишани

33

По 40 години, Oпштина Бутел ја реконструира улицата „Борко Кралевски“, во  должина од 568 метри. Со тоа, како што истакна градоначалникот Дарко Костовски, е исполнето децениското барање на граѓаните.

Покрај тоа, локалната самоуправа целосно ги реконструираше улиците: „Симче Настевски”, „Киро Димушков” и „Скоевска”. Ова се практично главните сообраќајници во населба Радишани.

– Реализацијата на овие проекти во Радишани претставува исполнување на предизборните ветувања на градоначалникот и уште еден чекор кон обнова и кон подобрување на патната инфраструктура на општина Бутел – наведуваат од локалната самоуправа.

ИЗДВОЕНИ