недела, февруари 8, 2026
Дома СКОПСКА Реконструкција на улицата „22“ во Сингелиќ

Реконструкција на улицата „22“ во Сингелиќ

197

Општина Гази Баба почна со реконструкција на улицата „22“ во Сингелиќ, што претставува една од најзначајните инфраструктурни инвестиции во овој дел од Општината.

– Со ова, конечно, ќе се реши еден долгогодишен проблем што ги мачеше жителите на оваа населба – нагласуваат од локалната самоуправа.

Оттаму објаснуваат дека прво се поставува новата водоводна мрежа со сите приклучоци, а потоа ќе следуваат целосно асфалтирање на коловозот и уредување на тротоарите.

Вредноста на проектот е 8.850.000 денари.

– Луѓето што живеат тука повеќе од 30 години немале приклучок за вода, а при секој дожд газеле во кал и немале основни услови за нормално живеење. Тоа останува зад нас – велат од Општина Гази Баба.

 

ИЗДВОЕНИ