Реконструкција на училиштето „11 Октомври“ во Пролет

15

Општина Центар започна со реконструкција на ООУ „11 Октомври“ во населбата Пролет, како дел од континуираните заложби за подобрување на условите во сите општински училишта.

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека во моментов се изведуваат градежно-занаeтчиски активности кои вклучуваат замена на подовите во три кабинети и пет училници, обновување на подовите со стругање и лакирање во дополнителни три училници, гипсарски работи и предвидено е молерисување на целиот училиштен објект.

– Летниот период го користиме за подобрување на условите во училиштата во Центар. Оваа недела неуморно работиме на реконструкција на училиштето „11 Октомври“, за да имаат учениците подобри услови за настава. Секоја реконструкција е вложување во иднината, а здравата, чиста и функционална средина е предуслов за квалитетно образование и за личен развој на учениците. Остануваме посветени на тоа сите деца во Центар да учат во модерни и безбедни услови, без исклучок – вели Герасимовски.

Оваа реконструкција доаѓа по низа инвестиции во истото училиште. Досега беше темелно реконструирана училишната трпезарија со површина од 165 квадратни метри, беше варосана фискултурната сала и целосно беа обновени тоалетите.

 

ИЗДВОЕНИ