недела, февруари 1, 2026
Дома СКОПСКА Реконструирани уште две нови улици во Ѓорче Петров

Реконструирани уште две нови улици во Ѓорче Петров

107

Општина Ѓорче Петров реализираше уште два инфраструктурни зафати во урбаното јадро, со целосна реконструкција и асфалтирање на две улици.

Улиците „Вера Циривири“ и „Никола Вукмировиќ“ добија нов лик, како дел од континуираната стратегија за модернизација на инфраструктурата. Вкупната површина е 3.020 квадратни метри, а вкупната вредност на инвестицијата е 3.135.000 денари.

-Проектот е финансиран со средства од Владата на Република Македонија, што ја потврдува важноста на соработката помеѓу локалната и централната власт – велат од Општина Ѓорче Петров.

Двете улици ја поврзуваат улицата „4 Јули“ со булеварот „Ѓорче Петров“, што значително ја подобрува сообраќајната комуникација и ја зголемува безбедноста на жителите во овој дел од општината.

-Овој проект е само еден од многуте што ќе следат, бидејќи нашата цел е да создадеме современи и функционални услови за живот за сите наши граѓани – изјави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

ИЗДВОЕНИ