Во населбата Кале е отворено фудбалско игралиште со современа подлога, поставена е нова заштитна ограда, уредено е детското катче, поставен е летниковец за одмор и социјализација, а има и нови содржини за спорт и рекреација.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека со оваа инвестиција, Општината продолжува со активното унапредување на јавните простори во сите маала.
– Изминатиов период инвестиравме во нови спортски и детски игралишта во Центар. Се грижиме да бидат модерни, функционални и достапни за сите, затоа што активниот живот и квалитетниот јавен простор се приоритет за нас – изјави Герасимовски.
Од Општина Центар апелираат до сите граѓани да ги чуваат овие простори, бидејќи, како што велат, тие се создадени за нашите деца и за заедницата.