понеделник, февруари 16, 2026
Дома СКОПСКА Реконструирана улицата „21“ во Расадник

Реконструирана улицата „21“ во Расадник

56

Заврши реконструкцијата на улицата „21“ во населеното место  Расадник, на територијата на Општина Бутел.

Од Општината информираат дека улицата е во должина од 450 метри и дека локалната самоуправа обезбедила дополнителни паркинг-места и го исполнила барањето на жителите.

Оттаму додаваат дека наскоро ќе започне реконструкцијата на улиците: „Бутелска 2“, „Ангел Мојсовски“, „Александар Грличков“ и „Љубинка Басотова“.

– Локалната самоуправа реализира проекти за подобрување на патната инфраструктура во сите населени места во Општината и обезбедува пристојни услови за живот на сите граѓани – соопштија од Општина Бутел.

ИЗДВОЕНИ