Реконструирана улицата „1“ во Љуботен

72

Целосно е реконструирана улицата „1“ во Љуботен. Со тоа, како што велат од Општина Бутел, е реализирано децениско барање на граѓаните.

Улицата „1“ е главната улица што поминува покрај основното училиште и од 1998 година до денес воопшто не била  реконструирана.

– Во изминатиот период, се асфалтираа неколку улици што се опфатени во оваа фаза, а продолжуваме со реконструкцијата и во наредните денови. Наскоро ќе започнеме и со реконструкција на дел од улицата „3“ – најавуваат од Општината.

Оттаму додаваат дека се подобрува патната мрежа во сите населени места и дека приоритет добиле оние места каде што никогаш досега немало асфалт.

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, најави и дека граѓаните на Општина Бутел ќе добијат уште еден затворен базен во Бутел 1.

– Покрај затворениот базен штосе гради во дворот на ООУ „Ацо Шопов“, ќе биде изграден уште еден во дворот на ООУ „Свети Климент Охридски“. Пливањето, како спорт, има огромно значење за здравјето и развојот на младите генерации. Со ова, овозможуваме не само услови за развој на спортски таленти туку и простор за рекреација и здрав живот за сите жители на Општината – истакна Костовски.

 

 

ИЗДВОЕНИ