Реконструирана спортската сала во училиштето „Д-р Јован Калаузи“

48

Општина  Битола ја реконструираше спортската сала во средното училиште  „Д-р Јован Калаузи“.

– Заменет е подот со професионален паркет, саниран е покривот, целосно е променета електричната инсталација и рефлекторите, направено е глетување и молерисување на трибините со фасадна боја, санирана и бојадисана е внатрешната ограда од трибината, а монтирани се и дополнителни две влезни врати во салата. Во училиштето е реконструирана наставничката канцеларија, каде е заменет целокупниот дотраен инвентар – соопштија од Општина Битола.

Оттаму додаваат дека покрај овие проекти, инвестирано е и во зголемувањето на енергетската ефикасност на објектот, со поставување фотоволтаици за производство до 40 киловати електрична енергија, за што се поставени 72 модулни единици.

– Училиштето, во соработка со локалната самоуправа и Министерството за образование, продолжува со нови инвестиции со кои значително се подобруваат условите и се овозможува успешно одвивање на наставниот процес – велат од Општината.

 

ИЗДВОЕНИ