Реклама на „Фокс њуз“ го предупредува Трамп да не биде „изигран“ од Нетанјаху

47
Screenshot X

Американската телевизиска мрежа „Фокс њуз“ емитуваше реклама од непозната група, во која го повикува американскиот претседател Доналд Трамп да не дозволи израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го „изигра“ по прашањето за Газа, објави денес „Тајмс оф Израел“.

„Фокс њуз“ вчера емитуваше реклама против премиерот Бенјамин Нетанјаху, за време на една од омилените емисии на Трамп – „Фокс енд Френдс“.

„Со години, Нетанјаху ги манипулираше американските претседатели. Го измами Бил Клинтон, го измами (Барак) Обама, го измами (Џозеф) Бајден. Сега се обидува да ве измами за Газа, претседателе Трамп“, вели гласот во рекламата.

ИЗДВОЕНИ