Некои од најживописните реки и потоци на Алјаска во последниве години добиваат апокалиптична, светло портокалова боја.
Но, причината не е локалното загадување, како што би можело да се помисли, туку ‘рѓата ослободена од топењето на пермафростот поради глобалното затоплување, пишува Аљаска њуз репорт.
Оваа ‘рѓа протекува во водните патишта и претставува сериозна закана за дивиот свет, локалното население и комерцијалниот риболов, според годишниот извештај на Националната океанска и атмосферска администрација (NOAA) за арктичкиот регион.
Феноменот е јасен показател дека Арктикот се затоплува неколку пати побрзо од остатокот од планетата, што ги преобликува северните пејзажи, екосистемите и животите на луѓето таму. Научниците предупредуваат дека масовното топење на мразот дополнително ќе го покачи нивото на морето и ќе ги наруши временските обрасци низ целиот свет.
„Кога Арктикот се топи и се затоплува, тоа влијае на глобалната клима“, изјави за NPR Метју Друкенмилер, главен автор на извештајот и научник во Националниот центар за податоци за снег и мраз. Тој го опиша Арктикот како џиновски фрижидер за планетата, чие топење веќе предизвикува проблеми како што се масовни пожари и екстремна летна топлина далеку надвор од нејзините граници.
Како се формира „’рѓосана“ вода?
Жителите на Алјаска почнаа да ги забележуваат портокаловите водотеци уште во 2018 година. „Слушнавме од луѓе кои живеат во регионот – пилоти кои летаат над него, луѓе во национални паркови“, рече Џош Кох, хидролог од Геолошкиот завод на САД.
Процесот е едноставен и загрижувачки. Како што се зголемуваат температурите, пермафростот – земја која нормално е трајно замрзната – се одмрзнува. Ова ослободува железо од почвата, кое оксидира кога е изложено на вода и воздух, создавајќи ‘рѓа што ги претвора реките и потоците во портокалова боја. Студиите покажаа дека ова загадување се проширило на стотици километри земја во Алјаска.
„Честопати не е портокалово сè додека не стигне до потоците, а потоа целото железо и другите метали можат да се наталожат и да ја создадат оваа боја на железо“, додаде Кох.
Последици за дивиот свет и луѓето
Покрај промената на бојата, „’рѓосаните“ реки стануваат покисели, што може да биде фатално за рибите. На пример, популацијата на млади златни рипки Доли Варден драстично се намали, најверојатно поради вишокот железо во нивното живеалиште. Ова е исклучително лоша вест за целиот екосистем на Алјаска, бидејќи последиците се директно поврзани со луѓето.
„Синџирот на исхрана е поврзан со животот на луѓето што живеат на Арктикот“, заклучи Дракенмилер. Иако сè уште не е јасно дали жителите се директно загрозени од контаминираната вода, локалните научници внимателно ја следат ситуацијата.
View this post on Instagram












