
Рекетот со кој српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го осои гренд слем турнирот Австралија опен во 2012 година е продаден на аукција за 540.000 долари, објави ESPN.
Оваа цена е рекорд на сите времиња, за тениски рекет. Претходниот рекорд беше поставен во 2025 година, кога беше продаден рекетот што го користеше Шпанецот Карлос Алкарас, оној што му ја донесе титулата на Вимблдон, во 2023 година против Ѓоковиќ, за 173.000 долари.
Финалето на Австралија опен во 2012 година, во кое Ѓоковиќ го победи Шпанецот Рафаел Надал на меч од пет сета, е најдолгото во историјата на гренд слем турнирите, мечот траеше 5 часа и 53 минути. Триесет и осумгодишниот Ѓоковиќ го држи рекордот во машка поединечна конкуренција за најмногу гренд слем титули (24) и најмногу недели на првото место на светската ранг-листа.











