недела, февруари 8, 2026
Дома СВЕТ Рејтингот на Трамп падна на најниско ниво во вториот мандат

Рејтингот на Трамп падна на најниско ниво во вториот мандат

73

Рејтингот на одобрување на американскиот претседател Доналд Трамп падна за еден процентен поен, на 40 проценти, што е најниско ниво во неговиот втор мандат, објавија американските медиуми, повикувајќи се на резултатите од анкетата на „Ројтерс“/„Ипсос“.

Како што објави „Ројтерс“, анкетата покажа дека Американците остануваат многу загрижени за економската политика и за ставот на Трамп кон имиграцијата.

Резултатот покажа дека Америка е длабоко поделена во својот став кон Трамп, при што 83 проценти од републиканците, три проценти од демократите и околу 33 проценти од независните гласачи го одобруваат неговиот претседателски настап.

Во претходната анкета на „Ројтерс“/„Ипсос“ спроведена на 15 и 16 јули, рејтингот на Трамп беше 41 процент.

ИЗДВОЕНИ