Челниците на Ред бул пријавија неправилности во ФИА поврзани со тимот на Мекларен. По трката во Формула 1 за Големата награда на Мајами, челниците на Ред бул испратија жалба до ФИА поврзана со задните сопирачки на болидите на Мекларен.
Потоа стручната комисија процени дека сè е во ред, а сега пристигнува нова жалба и актерите се повторно исти. По Големата награда на Емилија Ромања (Имола), ФИА издаде нови технички директиви до сите тимови од Ф1, кои се однесуваа на управувањето со гумите и работата околу тркалата.
Овие појаснувања дополнително го насочија вниманието кон Мекларен, кој оваа година разви иновативен систем за ладење на гумите и сопирачките. Благодарение на ова решение, Мекларен имаше помала деградација на гумите, што беше клучен фактор за освојување на пет победи на првите шест трки од сезоната.
Сепак, откако победи Макс Верстапен во Имола, започнаа шпекулациите за тоа колку влијаеле новите технички директиви врз перформансите на Мекларен. Мекларен тврди дека не морал да го менува својот болид, ниту дека влијаеле директивите на неговите перформанси во Италија. Сепак, според информациите од „RacingNews365“, токму Ред бул ја иницирал жалбата до ФИА, што доведе до објавување на новите упатства.
Ред бул користеше термички камери за да ја следи температурата на сопирачките барабани на Мекларен, сомневајќи се за употреба на PCM-материјали (материјали што ја менуваат фазата), специјални метални легури во микромрежа, кои со топење на прецизно одредена температура (120-200 °C) дејствуваат како пасивен систем за управување со топлината.
Замислете тенки цевки од метални легури, обложени со пластика, кои се поставени во буриња и во канали и се однесуваат како микрожици. Овие цевки апсорбираат и ослободуваат топлина за контрола на температурата, овозможувајќи побрзо загревање на гумите, постабилна термичка рамнотежа и, генерално, подобро управување со перформансите на гумите.
Ако навистина го користи Мекларен ова, тоа е технички брилијантен, но контроверзен пристап, кој потенцијално му даде конкурентска предност – и сега е под лупа на ФИА.
Продолжението на сезоната ќе покаже дали навистина го ограничија овие директиви Мекларен или Ред бул само се обиде да го дестабилизира користејќи законски и регулаторни механизми.