Слушнавме милион пати дека Формула 1 е голема копија и дека тимовите редовно си „позајмуваат“ решенија едни од други, а добро знаеме дека е забрането шпионирањето и дека постојат правила за тоа како може да ги скаутирате противниците. Овој пат имаме ситуација во која инженерите на Ред бул планираат да го копираат решението на Мекларен за задните сопирачки, па дури и испратија извештај до ФИА за да проверат колку е легално тоа решение.

На Големата награда во Мајами, температурата на патеката беше висока, па контролирањето на температурата на задните гуми беше најголемата предност на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис лесно го заобиколија Верстапен, а потоа и му избегаа.

Мекларен користи многу софистициран систем за проток на воздухот за ефикасно ладење на задните сопирачки, единствениот дозволен начин, со оглед на тоа што течното ладење е забрането. Овој систем ги помина сите технички проверки од ФИА и беше прогласен за целосно легален, што ги натера Ред Бул, Ферари и Мерцедес да започнат со развој на свои верзии.

ИЗДВОЕНИ