Сè погласни се шпекулациите за можниот трансфер на Исак Хаџар во редовите на Ред Бул, каде би му станал тимски колега на Макс Верстапен.

Хаџар импресионираше на своите први настапи во Ф1, па сè повеќе се зборува за неговиот можен трансфер во Ред Бул. Сепак, поранешниот светски шампион Нико Розберг тврди дека тоа, можеби, не е најдобриот трансфер за младиот Французин.

Хаџар остави зад себе фантастичен викенд во Зандворт, каде што стигна до дебитантскиот подиум, а потоа во Монца, откако стартуваше од боксот, стигна до нови бодови.

Ваквите настапи го направија главен кандидат за место покрај Макс Верстапен во Ред Бул следната сезона.

Јуки Цунода поминува низ криза на формата, а тоа е одлична можност Хаџар да го замени во 2025 година.

Иако Ред Бул јасно стави до знаење дека нема да има промени во текот на оваа сезона, одлуката за следната година веќе се разгледува. Сепак, Розберг предупредува дека трансферот во Ред Бул би можел да биде „опасен чекор“.

  • Уште едно фантастично возење, рече Розберг во анализа за „Скај Спортс Ф1“, осврнувајќи се на перформансите на Хаџар.

ИЗДВОЕНИ