понеделник, јануари 19, 2026
Дома LIFE Рецепт за пача (пифтија)

Рецепт за пача (пифтија)

16

Потребни состојки:

-4 свински нозе

-свинско месо мрсно и со коска (ребра, кременадли, врат, потколеници)

– 4 главици лук

– сол

Начин на подготовка:

Месото и нозете убаво се мијат и се сечат на парчиња. Внимавајте и коските да бидат искршени, од нив треба да излезе желатинот, клучната состојка која ја стврднува пачата. Се става месото во тенџере, се додава вода и се става да се вари. Уште едно важно правило е дека никако не смеете да притурате вода. Од почеток колку ќе ставите, тоа е. Штом почне да врие, се лажица или со метална цедалка се собира целата пена што излегува. Со повремено промешување, се остава да се вари се додека не извријат две третини од течноста, а месото да почне да се распаѓа и да се оддели од коските. Пачата се вари 4-5 часа. Потоа се одделува течноста од месото, низ ситна цедалка два пати се процедува и се собира во едно тенџере. Од месото се отстрануваат сите коски, ковчиња, кожинки, мрсни делови. Го ситниме на парчиња и посолуваме, ја посолуваме и течноста, и откако малку ќе подизлади, во неа ставаме толчен лук. Во чинии ставаме течност и потоа во неа рамномерно го распоредуваме месото. Ги оставаме на ладно да се стврднат. Кога треба да се сервира, пачата со тенок нож се оддвојува од тањирот и се претура превртена во плитка чинија, со проѕирниот дел горе.

ИЗДВОЕНИ