Ако го сакате ајварот, уште повеќе ќе го засакате овој лажен ајвар. Брзо се подготвува, а неговиот фантастичен вкус ги плени сите сетила.
Само за љубителите на ајвар, ви носиме рецепт за лажен ајвар кој е брз и лесен за подготовка. Дури и најпребирливите гурмани се воодушевени од овој намаз.
Состојки
1 халапењо пиперка
3 печени црвени пиперки
1/8 лажичка ким
200 г павлака
50 г крем сирење
1 лажица лут ајвар
1 лажичка лук во прав
малку мелена лута пиперка
Подготовка:
Во сад измешајте го мајонезот и павлаката. Додадете го крем сирењето и лукот во прав. Пробајте, а доколку е потребно, додадете сол и зачини по вкус.
Додадете го кимот и ситно исечкајте ја или изрендајте ја халапењо пиперката. Ако сакате да биде помалку лута, отстранете ги семките. Измешајте ги сите состојки, потоа додадете го ајварот и печената црвена пиперка што претходно сте ја исецкале.
Ако сакате намазот да биде покомпактен, користете рачен блендер. Декорирајте со снегулки од црвена пиперка и ставете во фрижидер до сервирање.