четврток, август 27, 2026
Дома СВЕТ Речиси 800 лица се спасени во поплавите што го погодија Непал: 350...

Речиси 800 лица се спасени во поплавите што го погодија Непал: 350 се скриле во тунел

0
Фото: EPA/NARENDRA SHRESTHA

Катастрофалните поплави по лизгањето на карпите и глечерите во Непал одзедоа најмалку 389 животи, додека речиси 1.500 лица се водат како исчезнати, јавуваат локалните медиуми.

Во меѓувреме, земјотрес со јачина од 5,0 степени го погоди граничниот регион меѓу Непал и Кина, како и монсунските дождови, кои предизвикуваат страв од повеќе лизгања на земјиштето и поплави.

Канцеларијата на непалскиот премиер објави дека 350 лица се спасени од тунел во близина на реката Тришули, објавува порталот „Рајзинг Непал“. Станува збор претежно за локални жители и работници во хидроцентралата, чиј составен дел е тунелот. Непалската армија се обидува да спаси уште 100 лица од тунелот.

Додека непалските медиуми пишуваат дека вкупно 833 лица се спасени, постојаната координаторка на ОН во Непал, Лила Пиетерс Јахија, истакна за „Ројтерс“ дека се спасени 796 лица.

„Мобилизирани се повеќе од 30.000 припадници на безбедносните сили, кои работат деноноќно. Владата ги мобилизираше сите капацитети за пребарување и спасување. Имате општина до која е невозможно да се стигне по пат, а целата помош на владата се доставува со хеликоптер“, рече Јахија.

ИЗДВОЕНИ