Цивилната одбрана на Газа денес објави дека речиси 200.000 луѓе се вратиле на север од палестинската територија откако таму стапи на сила прекинот на огнот, пренесе „Бета“.
„Околу 200.000 луѓе се вратија на север денес“, изјави за „АФП“ Махмуд Басал, портпарол на Цивилната одбрана.
Организацијата обезбедува прва помош и работи под капата на палестинското исламистичко движење „Хамас“.
Снимките од „АФП“ покажуваат огромна колона луѓе кои се движат кон северниот дел од Појасот Газа.
Израелската војска предупреди дека неколку области остануваат исклучително опасни за цивилното население.