Прославениот португалски фудбалер Кристијано Роналдо се вери со својата долгогодишна партнерка Џорџина Родригез.
Родригез (31) ја објави убавата вест на Инстаграм во понеделник вечерта, заедно со фотографија на која се гледа голем прстен на раката.
„Да, да. Во овој и во сите мои животи“, напиша аргентинската манекенка на својот Инстаграм профил.
View this post on Instagram
Роналдо (40) и Родригез имаат две ќерки, додека португалскиот напаѓач има уште три деца. Нивната најмлада ќерка, Бела, се роди во април 2022 година, а нејзиниот брат близнак беше мртвороденче.
Португалскиот играч ја запозна Родригез во 2016 година, кога таа работеше во продавница на Гучи во Мадрид.
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед моментално игра за Ал-Наср од Саудиска Арабија.