Спектакуларниот дуел меѓу Бенфика и Реал Мадрид, кој португалскиот тим го доби со 4:2 во последните секунди, се очекува повторно да биде најинтересен меч во 1/16 финалната фаза во најквалитетното фудбалско натпреварување на Стариот континент, Лигата на шампиони. Вака посака ждрепката која се одржа во Нион.

Реал Мадрид повторно ќе се соочи со Бенфика во борбата за место во осминафиналето. Инаку, пред само неколку дена, Реал загуби со 4:2 во Лисабон со гол во последната секунда постигнат од голманот Антолиј Трубин и со тоа го загуби местото кое директно води во осминафиналето на ЛШ. Сега, Жозе Мурињо повторно ќе го тестира Алваро Арбелоа, а прашањето е дали ќе може да изведе уште едно чудо во два натпревари.

Од поинтересните дуели, тука е и мечот Борусија од Дортмунд и Аталанта, а ништо помалку возбудувања не се очекуваат ниту од натпреварот меѓу Галатасарај и Јувентус.

Меѓу оние тимови од кои се очекува да немаат премногу мака и да обезбедат лесен пласман во осминафиналето се Интер, кој за противник го доби Бодо Глимт, Њукасл ќе ги одмери силите со Карабах, ПСЖ со Монако, како и Атлетоко Мадрид со Клуб Бриж. Доста неивесно се очекува да биде и на дуелот меѓу грчки Олимпијакос и Баер Леверкузен.

Инаку, познати се и евентуалните парови за осминафиналната фаза во ЛШ.

Победниците од дуелите меѓу Борусија (Д) – Аталанта и Олимпијакос – Леверкузен ќе играат против Арсенал, односно Баерн (М).

Победниците од дуелите меѓу Бенфика – Реал Мадрид и Бодо Глимт – Интер ќе играат против Спортинг Лисабон или Манчестер Сити.

Победниците од дуелите меѓу Монако – ПСЖ и Карабах – Њукасл ќе играат против Барселона или Челзи.

Победниците од дуелите меѓу Галатасарај – Јувентус и Клуб Бриж – Атлетико Мадрид ќе играт во осминафиналето против Ливерпул или Тотенхем.

Натпреварите од плејофот се закажани за 17/18 и 24/25 февруари.

ИЗДВОЕНИ