
Многу клубови ќе се обидат да најдат начин да го зајакнат својот состав, иако зимскиот преоден рок не е познат по спектакуларните трансфери кои се резервирани за летниот период.
Сепак, големите клубови го користат јануари и за да доведат барем едно или две големи засилувања, а навивачите се надеваат на истото и овој пат.
Реал (М), Челзи, Арсенал, Манчестер Сити, Ливерпул и Барселона секако се клубовите кои ќе привлечат најголемо внимание кога станува збор за потенцијални купувања оваа зима.
И токму сега, Реал (М) и Челзи би можеле да се најдат во центарот на шокантен трансфер овој јануари, секако ако „пројде“ планот на Флорентино Перез.
Имено, првиот човек на Реал (М) сака да направи шокантен потег во јануари и да го доведе чудото од Челзи.
Секако, станува збор за Естевао, кој ги излудува сите со своите игри во последно време, а беше особено добар на дуелот против Барселона во Лигата на шампионите.
Информациите велат дека Реал (М) подготвил шокантна понуда во јануари за бразилскиот интернационалец. Извори во Лондон велат дека Челзи го сака Винисиус Жуниор, а за тоа било разговарано во последните преговори.
„Јануарскиот преоден рок веќе се загрева“, пишуваше во објавата на „МачДеј Централ“.
Би била навистина неверојатна понуда од Реал (М) доколку го разменат Внисиус Жуниор со младиот Естевао.
Сепак, мора да се признае дека таков договор би имал смисла, бидејќи е познато дека Реал (М) сака да доведува играчи „бесплатно“.
И тоа би бил некаков таков договор, особено затоа што многу се зборува за тоа дека Винисиус ќе го напушти Реал (М) следната година.











