Според шпанските медиуми, екипата на Реал Мадрид е подготвена да се раздели од Марио Хазоња на крајот од сезоната. Иако имаше индикации дека ќе го напушти тимот на крајот од 2024/2025, Хрватот остана во клубот и игра одлична сезона. Неколку месеци подоцна, стана речиси сигурно дека, веројатно, ќе ја продолжи кариерата во Дубаи.

Реал Мадрид веќе презема чекори за да го натера да си замине, а главната индикација дека тој ќе го напушти клубот е промената на агентот, бидејќи неговите ставови сега ги застапува Мишко Ражнатовиќ.

Новинарот Пакохо Делгадо тврди дека целта на Хезоња е да оди во Соединетите Американски Држави и дека тоа е една од причините зошто решил да го смени агентот и да го земе Ражнатовиќ, кој соработува со НБА со години. Сепак, постои и претпоставка дека би можело да се вклучи Дубаи и повторно да го спои тандемот Хезоња – Муса.

ИЗДВОЕНИ